Search

Детската пудра на Johnson & Johnson предизвикува рак

Детската пудра на американската компанија Johnson & Johnson предизвикува рак на кожата. Агенцијата Ројтерс пишува дека компанијата знаела за тоа, но молчела. Причина за канцеогеното дејство на пудрата е присуството на азбестни материи во неа.

По небезбедни кашички, вештачко млеко и пелени, на ред дојде и детската пудра. Производите за деца наместо да бидат најбезбедни, се почесто стануваат мета за лесна заработувачка по секоја цена. Послената афера доажа од американска компанија добро позната секаде во светот.

Агенцијата Ројтерс објави податок дека популарниот бебешки козметички производ содржи азбест во својот состав.

Во последните години се поднесени многу тужби против американската компанија Johnson & Johnson. Луѓето ги обвинуваат производителите на детската пудра дека содржи азбест и токму тој, тврдат тие, предизвикува рак- пишуваат светскитемедиуми.

Агенција “Ројтерс” спровела сопствена истрага споед која експертите за нив велат дека знаат за постоењето на азбест во пудрата на компанијата веќе подолго време, но не се преземени никакви мерки за отстранување на компонентата.

Компанијата претпочиташе да ги скрие овие податоци од властите и од јавноста. Резултатите од истрагата на “Ројтерс” покажуваат дека траги од азбест се наоѓаат во пудрата уште во 1957 година, но FDA – организација која ги контролира производите и Лекарската комора во САД, не биле информирана за тоа. 

Johnson & Johnson направиле обиди да најдат чист извор на талк, за да го намалат и конечно да се ослободат од азбестот во својата продукција. Но, очигледно, тие не успеале во тоа. Светската здравствена организација забележува дека не постои безбедна доза на азбест. Некои луѓе никогаш не добиваат рак од дејството на оваа материја, но во други случаи се доволни мали количини од оваа канцерогена материја  за да се предизвика развој на тумор.

Претставниците на Џонсон и Џонсон не се согласуваат со заклучоците – тие тврдат дека во бебешката пудра нема азбест и не може да предизвика развој на рак. Во меѓувреме продолжува судењето на случаи против компанијата – судот ги задолжува, принудувајќи козметичкиот гигант да плаќа милиони.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави