Search

Десетгодишни деца се борат, убиваат и умираат во војната во Јемен

Деца на возраст од 10 години се борат, убиваат и умираат во војната во Јемен. Некои велат дека доброволно им се придружиле на бунтовниците Хути, главно поради ветувања за пари или можност да носат оружје. Но, другите велат деца децата се принудени да се борат.

Бројот изгравиран на нараквицата на раката на Мухамед му дава некое спокојство на 13-годишниот војник додека проектилите истрелани од непријателски воени авиони, ја тресат земјата под него. Две години Мухамед се борел со јеменските бунтовници Хути против воената коалиција предводена од Саудиска Арабија и поддржана од САД. Тој вели дека мачел и убивал луѓе и не се грижел дали ќе живее или ќе умрел.Но, ако загинал, нараквицата ќе му гарантира дека неговото тело ќе биде испратено кај неговите дома.

,,Кога ќе станам маченик, тие влегуваат во мојот број во компјутерот, ќе ја добијат мојата слика и моето име, потоа ќе ги испечатат со името ,,маченик”, вели Мухамед. Потоа тоа ќе биде запелено на капакот на неговиот ковчег кој ќе биде испратен кај неговото семејство.

Мохамед беше меѓу 18 поранешни деца-војници интервјуирани од страна на Асошетед прес кој опиша како Хутите регрутирање, распоредуваат и колку деца гинат на бојните полиња на возраст од само 10 години.

одека двете страни во четиригодишната граѓанска војна испратија деца во борба, со што ги прекршија меѓународните конвенции за човекови права, се верува дека Хутите регрутирале многу повеќе од коалицијата – често насилно.

Хутите воведеа 18.000 деца-војници во својата бунтовничка војска од почетокот на војната во 2014 година, висок воен претставник на Хути признал за АП. Тој зборувал анонимно поради чувствителноста на информациите.

Таа бројка е повисока од кој било број претходно пријавен. Обединетите нации успеаја да избројат 2.721 деца ангажирани да се борат за сите страни во конфликтот, повеќето за Хутите. Но бројката е далеку поголема, бидејќи многу семејства не зборуваат за тоа поради страв од одмазда.

Хутите официјално велат дека не регрутираат деца и дека ги испраќаат само оние кои што се пријавиле. Некои од децата изјавија за АП дека доброволно им се придружиле на бунтовниците, главно поради ветувања за пари или можност да носат оружје. Но, други опишаа дека биле принудени да служат во Хутите – киднапирани од училиштата или домовите или принудени да се приклучат во замена за ослободување на член од семејството од притвор.

Децата интервјуирани од страна на АП изјавиле дека биле цел на регрутери на фудбалски игралишта, фарми и особено училишта.

Треба да знаете
Последни објави