Search

Беровчанка изнајмила рекетари од Грчец да изнудат 10.000 евра од скопјанец

Беровчанка изнајмила тројца рекетари од Грчец да изнудат 10.000 евра од скопјанец, информираше МВР.

Станува збор за К.П.(30) од Берово, со привремен престој во Скопје, како и за А.С.(26), Ј.Р.(26) и Б.С.(21), сите од  Грчец потив кои се поднесени кривични пријави за изнуда.

Според полицијата, на изнудата претходела претходна изнуда врз Д.З.(67) од Скопје, откако К.П. во  2016 година ангажирала други лица, кои со закани и уцени од оштетениот успеале да изнудат 50.000 евра. Тогаш Д.З. не ја пријавил изнудата.

Грчевецот Ј.Р. на 10 ово месец му се јавил на Д.З. и му рекол да дојде во кафе бар лоциран во ТЦ на булеварот Кирил и Методиј во Скопје, каде рекетарот дошол заедно со А.С. и му рекле дека до 14-ти мора да им исплати 10.000 евра. По ова оштетниот го пријавил во Единицата за насилен криминал и за истото е известен Јавен обвинител, по што Д.З. заминал на улица Македонија, каде требало да се сретне со четворицата осомничени.

На самото место полицијата ги уапсила  К.П. и А.С. додека Ј.Р. и Б.С. избегале. Иситиот ден по наредба од Судија на претходна постапка извршени се претреси во дом и други простории кај три од пријавените лица при што се пронајдени предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривични дела и истите со потврда се одземени.

Треба да знаете
Последни објави