Search

Неделава е одлучувачка за решавање на кризата во Франција

Француската влада неделава работи на усвојување на мерките што претседателот, Емануел Макрон ги вети за решавање на кризата со „жолтите елеци“, со кои верува дека ќе стави крај на незадоволството на граѓаните.

Како што јави агенцијата „Франс прес“, Макрон, кој е соочен со најголемата криза од доаѓањето на власт во 2017 година, го одложи планираното патување во јужниот дел од земјата, за да работи на организирање на национална дебата каде граѓаните би можеле да влијаат на политичките одлуки.

Францускиот претседател утре ќе се состане со министрите и економистите со цел организирањето на дебатата, чиишто детали ќе бидат соопштени неделава, пренесоа медиумите.

Извори блиски до Макрон наведоа дека претседателот очекува поддршка за дебатата и од страна на градоначалниците и локалните власти, а главна тема ќе бидат данокот, еколошката транзиција и миграцијата.

Најавените мерки не успеаа целосно да го убедат движењето „Жолти елеци“, кое наведе дека ќе направи список со барања во пресрет на престојните избори за Европскиот парламент, следната година.

Француските власти наведоа дека економијата од почетокот на движењето, претрпела шета од околу две милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави