Search

Избрана новата Влада на Република Српска, Радован Вишковиќ нов премиер

Народното Собрание на Република Српска по 13-часовна седница ја избра новата Влада. Премиерот Радован Вишковиќ и 16 министри синоќа, половина час после полноќ, положија заклетва, а беа избрани со мнозинство гласови.

За Вишковиќ гласале 54 пратеници, 9 биле против, а 4 воздржани.

Вишковиќ вети дека ќе исполни сè што ветил во експозето. „Веќе од денеска нè очекува напорна работа. Спремен сум на сè за доброто на Република Српска“, рече тој. Додаде дека приоритет ќе биде решавање на проблемите во здравствениот систем.

Треба да знаете
Последни објави