Search

Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата на Украина против Русија

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата, предложена од Украина, против милитаризацијата на Крим и Азовско и Црно Море.

Во овој документ се наведува дека присуството на руската армија во Крим е спротивно на националниот суверенитет, политичката независност и територијалниот интегритет на Украина, пренесува ТАСС.

Покрај тоа, Русија е осудена за изградбата на мост преку теснецот Керч.

Резолуцијата беше поддржана од 66 земји, додека 19 беа против и 72 беа воздржани.

Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека има распоредено повеќе од десет „Сухој СУ-27″ и „Су-30“ борбени авиони во Крим, откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина, наводно, се подготвува за нови „провокации” во близина на Крим, на крајот на годината.

Министерството соопшти дека авионите биле распоредени во воената база Белбек во Крим, каде што ќе бидат постојано стационирани.

Треба да знаете
Последни објави