Search

Путин му го остварил сонот на болното дете: Ова момче имало само една желба, а рускиот претседател го исполнил ветувањето

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се состанал со Артјом Паљанов од Ленинградската област, детето кое сонува да го види Санкт Петербург од птичја перспектива. Рускиот претседател го остварил претходно даденото ветување дека ќе му ја исполни желбата.

“Сакам да ви ја честитам Новата година и Божиќ”, рекол Путин на состанокот со семејството .

Рускиот претседател го интересирало како детето се сетило да ја погледне северната престолнина од птичја перспектива. Артјом одговорил дека е интересно да се гледа Петербург од висина, како и било кој друг град.

Претседателот му ја покажал трасата на летот на детето, по што заедно ги отвориле подароците. Путин лично го испратил до хелиодромот.

После тоа, детето тргнало на екскурзија со хеликоптер над градот.

Артјом живее во селото Тајцици, во Ленинградската област. Тој е едно од петте тешко болни деца чија желба претседателот ветил дека ќе ја исполни.

Треба да знаете
Последни објави