Search

ЕУ постигна договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од автомобилите до 2030 година

Емисиите на јаглерод диоксид од новите автомобили во ЕУ треба да се намалат за 37,5 проценти до 2030 година, се договорија преговарачите во ЕУ, сопштија австриските претставници. До согласноста дошло по напнати преговори меѓу Европскиот парламент и земјите членки, јави ДПА.

Лимитот е компромис меѓу 35-те проценти намалување на емисите штетни гасови, предложени од владите на земјите од ЕУ, и 40-те проценти намалување, предложени од европските пратеници.

Целта за 2030 година ќе се применува за возниот парк на автомобилските произведувачи како целина, што значи дека „моделите со висока емисија штетни гасови” ќе треба да бидат компензирани со продажба на  модели со ниска или нулта емисија на јаглерод диоксид.

Целите за емисиите на автомобилите се дел од напорите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и ограничување на глобалното затоплување.

Треба да знаете
Последни објави