Search

Ал Џазира: ОН го определи 18 декември за почеток на примирјето во јеменскиот град Ходеида

ОН го определи  датум за почеток на примирјето меѓу јеменските владини сили и вооружените сили на бунтовничкото движење Ансар Алах (Хутите) во градот Ходеида. Тоа го објави телевизискиот канал Ал Џазира повикувајќи се на претставник на Хутите.

Претставникот нагласил дека Хитите добиле порака од ОН во која е наведен датумот – 18 декември, за почеток на прекинот на огнот меѓу двете страни.

Од 6 до 13 декември во Стокхолм имаше консултации за прекин на конфликтот во Јемен. Двете страни кои таму се сретнаа за првпат по 2,5 години војна, потпишаа договор за размена на заробеници. Се планира тој процес да заврши до 20 јануари.

Треба да знаете
Последни објави