Search

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и дека добар дел од вината за тоа паѓа и врз грбот на српскиот претседател, Александар Вучиќ, за кого тврди дека тоа го договорил со Хашим Тачи на 4. ноември во Рим, како што кажа, во мисијата на Европската Унија при Ватикан.

„Ова е велепредавство за кое Вучиќ ќе мора да одговара“, рече Јеремиќ.

Коментирајќи за можноста од предвремени избори, Јеремиќ рече дека тие не може да се реализираат додека на се создадат фер и чесни услови.

„Опозицијата има поднесено низа на барања за фер и чесни избори. Додека сите услови не се исполнат, вклучително и слободата на медиумите и увид во избирачкиот список, не треба да се излегува на избори“, рече Јеремиќ.

Тој ги повика граѓаните да се приклучат на протестите против насилството.

„Во последните неколку недели се случија повеќе напади врз опозициски активисти и новинари. За тоа се протестира во Белград, а наскоро и низ цела Србија. Крајот на ова зло е блиску и истото ќе се урне како кула од карти доколку сме обединети“, рече Јеремиќ.

Треба да знаете
Последни објави