Search

Путин: Рап музиката се базира на секс, дрога и бунт и мора да се стави под контрола

Загрижен поради големата популарност на рап музиката меѓу младите, претседателот на Русија, Владимир Путин, побара од претставници на Министерството за култура да развијат средства за контола, наместо да ја забранат таа музика.

На денешната средба со советниците за култура во Кремљ, Путин рече дека обидите да им се забрани настап на изведувачите ќе имаат негативен ефект и ќе ја зајакнат нивната популарност, пренесува агенцијата АП.

-Доколку тоа е невозможно да се запре, потребно е да управуваме и насочуваме, рекол претседателот на Русија.

Додал дека рап музиката се темели на три столба: секс, дрога и протест и додал дека тоа е пат кон деградација на нацијата. Исто така рускиот претседател посочил дека промоцијата на наркотици е уште полоша од пцуењето во песните.

Неговите коментари доаѓаат во време кога се актуелни руските мерки против современата музика, кои многумина ги споредуваат со цензурата на уметноста во советската ера.

Неодамна во Русија беа откажани настапи на десетина рапери, по предупредувањето на функционери дека таквата музика промовира лажни вредности, а најмалку три музичари беа уапсени.

Рапот е еден од најпопуларните музички жанрови меѓу руската младина, поради отвореното претставување на секојдневната реалност и поради острите критики кон власта.

Треба да знаете
Последни објави