Search

Ирскиот парламент го легализира абортусот

Ирскиот парламент го усвои нацрт законот со кој се легализира абортусот, седум месеци по историскиот референдум на кој Ирците се изјаснија против негова забрана.

Премиерот Лео Варадкар на својот профил на „Твитер“ го поздрави, како што напиша, историскиот момент за ирските жени.

Во мај годинава Ирците на референдум со 66 отсто гласови ја поддржаа либерализацијата на абортусот, што претставуваше културен земјотрес во земјата каде што 3,7 милиони жители (79 отсто од населението) се декларираат како верници со силна католичка традиција.

Ирскиот закон за абортус беше најстрог во Европа и не признаваше исклучоци дури и во случаи на инцест, силување или малформации на фетусот.

Треба да знаете
Последни објави