Search

Дваесет отсто од светската популација има физичка аномалија, меѓу нив е и Меган Маркл

На околу 20 отсто од луѓето во светот вториот прст на стапалата им е подолг од палецот. Оваа „аномалија“ има и свое име и позната е како Мортонов прст. Вакви прсти има и сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, а фотографите тоа еднаш успеаја и да го регистрираат, во првата половина од годинава.

Маркл во една пригода се појави со сандали, па објективите на фотоапаратите уловија дека таа има подолг прст од палецот.

Доколку не чувствувате болка поради подолгиот втор прст, вашиот Мортонов прст не би требало да ве загрижува“, изјави хирургот Гери Пични, а пренесува магазинот Women’s Health.

Овој доктор, исто така, објаснува дека станува збор за „наследна аномалија“.

Повеќето обувки не се дизајнирани за ваков тип стапала, што може да создаде одредени проблеми, објаснува хирургот.

Затоа советува дека ако веќе имате ваков проблем да купувате чевли кои имаат покомотни врвови. Внимавајте поради тесните обувки овој прст да не ви се витка премногу.

Треба да знаете
Последни објави