Search

Австриската Партија на слободата бара на азилантите да им се забранат ноќни излегувања

Шефот на пратеничкиот клуб на владејачката австриска Партија на слободата (ФПО), Јохан Гуденс, бара воведување  забрана за барателите на азил со која тие ќе бидат оневозможени да излегуваат од своите престојувалишта за време на ноќта.

Поради серија убиства во Инсбрук и Штајер, за кои се осомничени баратели на азил од Авганистан, Гуденус смета дека оваа мерка треба да се воведе.

Тој додаде дека барателите на азил често демнат ноќе и се собираат на места како железнички станици.

Гуденус истакна дека од бранот на бегалци во 2015 година дошло до масовно зголемување на насилството и сексуалните престапи.

„Нападите од нож се зголемија за дури 300 отсто од 2015 година“, истакна тој, посочувајќи дека тоа е официјална статистика на полицијата.

И лидерот на ФПО, вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе, го поддржа барањето на Гуденс.

„Би било разумно да се пропише барателите на азил да не излегуваат надвор по 20 часот“, рече тој.

Критиката дојде од редовите на опозицијата, од каде веруваат дека ваквиот предлог е спротивен на човековите права бидејќи луѓето се лишени од слобода на движење.

Треба да знаете
Последни објави