Search

Претставници на Косoво прес во посета на МИА

Во посета на Македонската Информативна Агенција (МИА) денеска беа сопственикот на косовската новинска агенција Косова прес Скендер Красниќи и уредникот Лабинот Гаши.

На средбата директорот на МИА Драган Антоновски и заменик директорот Халид Ајдини со сопственикот на Косова прес Красниќи разговараа за продолжување на соработката меѓу двете новински агенции, беа разменети искуства за агенциското работење, а се разговараше и за регионалната соработка.

Треба да знаете
Последни објави