Search

Маслинов зејтин ем без маслинки ем поскап за 30 отсто

Храната е еден од најфалсификуваните производи на светскиот пазар. По фалсификуваниот мед, виски но и ракија, сокови и сирење, на ред дојде и маслиновиот зејтин. Според податоците до кои дојде 24 инфо годинава грчките плантажи биле десеткувани од болести кои ги нападнале маслинките. Се проценува дека производството на ладно цедено масло годинава ќе биде намалено за 40 отсто. За толку отприлика треба да се зголеми и малопродажната цена. Така, ако до сега плаќавте 450 денари за литар, по Нова година треба да бидете среќни ако најдете маслинов зејтин за 10 евра по литар.   

Валентина Ангеловска

После чоколади и вафли од познат проиводител, но и цигари и алкохол на ред за фалсификување дојдоа и маслиновиот зејтин и оцедот. Ако за првиот треба малку повеќе знаење, за вториот протребна е само оцетна киселина  и вода. Светските медиуми се преполни со информации дека на пазарот можат да се најдат оцет произведен од растворена оцетна киселина и фалсификуван маслинов зејтин. Првиот предизвикува стомачни болки и повраќање, а маслиновиот зејтин во својот состав наместо маслинки има масло од семки и сончоглед. Експертите велат дека во Европа владее криза за маслинки и маслинов зејтин. Европските медиуми деновиве предвидуваат дека ќе има енормниот скок на цената на маслиновиот зејтин за цели 35 отсто. Ова индирекно значи дека  ќе продолжи праксата за фалсификување на маслиново масло, посебно на ладно цеденото.

Оригинал фалсификат

– Фалсификувањето е очекувано бидејќи намаленото производство на маслинки нема да ги задоволи светските потреби. Нашите анализи велат дека само 10 отсто од светското производство на маслиново масло ги задоволува критериумите и декларациите. Останатото е фалсификат-пишуваат бугарските медиуми.

Во грчкото министерство за земјоделство велат дека од нивна страна е направена анализа според која годинава има најголем пад на производството на маслинки во Грција. Причина за тоа се неповолните временски услови поради кои цели плантажи се уништија од маслинова мувла. Најмногу зафатени се насадите со маслинки на полуостровот Пелопонез.

Дали има од фалсификуваниот зејтин на нашиот пазар може само да погодувеме. Во нашите лабаратории не се прави негова анализа. Им се верува на деклараациите. Во Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека фалсификуваната храна често се наоѓа на пазарот, а дека не е оригинална најчесто препознаваат фирмите кои ја произведуваат. Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), годишно една добростоечка фабрика поради фалсификувани производи губи над 50 милиони евра.

Според податоците од Министерството за земјоделство маслинката во земјава е застапена на помалку од 200 хектари. Насадите се сконцентрирани во јужниот дел на Македонија каде постојат поволни климатски услови и тоа во Гевгелија, Дојран и Валандово. Производство на маслинката е релативно мало и најголем дел во земјава е  од увоз.

Лесно се прават копии

Светските медиуми тврдат пак дека маслиновото масло многу лесно се фалсификува, за разлика од другите типови на зејтин и дека го има скоро секаде.

– Ако на литар од ладно цеденото се додаде само 10 отсто друг тип на масло може многу да се заработи.  Лажното масло може да се открите единствено со анализи на масно- киселинскиот состав бидејќи секој зејтин има различен состав. На сите пазари најмногу се бара италијанското екстрадевствено маслиново масло и затоа тоа најмногу се фалсификува- пишуваат британските медиуми. Најчеста метода за фалсификување е со додавање на маслиново масло со полоша категорија кое се добива од лоши маслинки и нивни семки, но и од маслодајна репка или соја, а бојата се подесува со додавање на хлорофил кој се разредува или со бета-каротен.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави