Search

НАТО ќе ја снабди украинската војска со опрема за комуникации

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг му рекол на украинскиот претседател Петро Порошенко дека Северноатлантската алијанса ќе ја снабди украинската војска овој месец со опрема за безбедна комуникација.

Ветената опрема е дел од помошта од 40 милиони евра, која НАТО ја намени за зајакнување на вооружените сили во Киев.

Му реков на украинскиот претседател дека до крајот на оваа година украинските вооружени сили ќе бидат снабдени со опрема за безбедна комуникација“ изјави Столтенберг, по состанокот со претседателот на Украина по повод ескалацијата на судирите со Русија, пренесе Ројтерс.

Столтенберг изрази почит кон смиреноста и воздржаноста на Украина за време на кризата со Русија и ја повтори поддршката на Алијансата за придружување на поранешната советска република на НАТО, на што Москва жестоко се противи.

Треба да знаете
Последни објави