Search

„Жолтите елеци“ ја обвинија владата на Франција за нападот во Стразбур

Демонстрантите од групата „Жолти елеци“ ја обвинија владата на Франција за сценирање на нападот во Стразбур со цел да фрли сенка врз протестите закажани за претстојниот викенд.

Во објава на социјалните медиуми „Елеците“ изјавија дека се уверени дека владата стои зад пукањето на Божиќниот пазар во Стразбур.

Демонстрантите се осврнаа кон изјавите на претседателот Емануел Макрон и додадоа дека нападот се случил непосредно по неговите коментари во врска со протестите и идните демонстрации, за што велат дека не е случајност.

Објавата привлече внимание на социјалните мрежи, а со тоа и бројни коментари.

„Нападот се случи еден ден по коментарите на Макрон и пред демонстрациите кои беа претходно испланирани за в сабота. Дали не правите будали?“ вели еден од корисниците на социјалните мрежи.

„Макрон и владата намерно ги изведоа нападите за да објават вонредна состојба и да го одвратат вниманието од протестите,“ вели друг корисник.

Од друга страна, пак, голем број корисници велат дека демонстрантите мора да се смират.

Во меѓувреме, заменик-министерот за внатрешни работи Лорен Нунез изјави дека тоа не е точно.

„Многу сум лут, како може некој да каже такво нешто?“

Нунез додава дека тој е свесен за „теориите на заговор“ кои се шират на социјалните платформи во врска со протестите на „Жолтите елеци“.

Треба да знаете
Последни објави