Search

Папата отстрани тројца кардинали од кабинетот поради вмешаност во скандал со педофилија

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско отстрани од својот кабинет тројца кардинали од кои двајца се вмешани во скандал со сексуални злоставувања, кои католичката црква долго време ги криела, соопшти Ватикан.

Како што се наведува, папата во октомври упатил писма до тројцата кардинали во кои им се заблагодарил за петгодишната соработка во таканаречената Група 9, посветена на реформи на Ватикан и реорганизација на бирократијата.

Се работи за кардиналите од Чиле – Хавиер Еразурис, од Австралија – Џорџ Пел и од Конго – Лоран Монсегво Пасиња.

Еразурис е обвинет дека прикривал сексуални злоставувања на свештеници, додека бил надбискуп во Сантијаго, додека Пел е обвинет за сексуално зоставување и на него треба да му се суди во родната Австралија.

Кардиналот од Конго сам одлучил да си замине и своето место во групата 9 да го отстапи на друг кардинал од Африка.

Треба да знаете
Последни објави