Search

Ќе се креира веб портал за поголема отчетност за владините институции

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата на денешната седница ја прифатила информацијата за единствен веб портал за отворени податоци.

На веб порталот, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, ќе бидат објавувани каталози на отворени податоци на сите министерства и истите ќе бидат достапни секому.

Со ова, Владата на Република Македонија дополнително ја зголемува транспарентноста и отчетноста кон граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави