Search

Усвоен Акциски план на Националната стратегија за сајбер безбедност

На денешната владина седница беше усвоена информацијата за Акциски план на Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022 година. Целта на овој акциски план е да ги дефинира чекорите за успешна имплементација на првата Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија 2018-2022.

Оттука, Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација до крајот на годинава да достави измена и дополна на Одлуката за формирање на Националниот совет за информатичко – компјутерска технологија за проширување на надлежноста, а со цел да ги опфати и надлежностите на Национален совет за сајбер безбедност, како и да донесе Решение за формирање на работна група во која ќе членуваат претставниците од Работната група која ги подготвуваше стратешките документи од областа на сајбер безбедноста.

Треба да знаете
Последни објави