Search

Словенија доби прва жена на функција на шеф на националната полиција

Словенија ја доби првата жена на функцијата шеф на националната полиција, откако на таа  функција беше именувана Татјана Бобнар.

Претходно, во ноември на местото началник на Генералштабот на словенечката Армија беше поставена првата жена генерал-мајор во Словенија, Аленка Ерменц.

Со тоа Словенија се вбројува во неколкуте земји во кои на чело на војската или полицијата се наоѓа жена.

– Татјана Бобнар утре ќе го почне својот петгодишен мандат како генерален директор на полицијата, соопшти словенечката Влада.

Бобнар (49) во полицијата работи од 1993 година, а пред оваа функција беше заменик генерален директор на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави