Search

„Убавицата и ѕверот“ ќе биде изведена по 350 пат

Театарот за деца и младинци в среда, по 350-ти пат ќе биде изведена претставата „Убавицата и ѕверот“, која рекордно е најиграната во Македонија.

„Убавицата и ѕверот“ веќе 20 години е на редовниот репертоар на театарот. Беше премиерно прикажана во 1998 година на 6 февруари. Оттогаш па до денес ,режијата на Димитар Христов, авторскиот ираз на Игор Бојовиќ, актерите од премиерната изведба Ана Левајковиќ Бошков,Игор Маџиров,Олгица Христовска, Тања Кочовска, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев и Катарина Илиевска Силјановска која подоцна станува дел од екипата, сценографијата и костимографијата на Александар Ношпал, музиката на Славе Димитров и кореографијата Александар Хаџиманов со млада фантазија, љубов и голема духовитост ја сочинуваат една од најуспешните претстави за деца.

Во тој дух, на 12 декември ќе се одигра претставата по среќен, јубилеен пат и потоа следи прослава, велат од театарот.

Треба да знаете
Последни објави