Search

Салвини: Пред неколку месеци Макрон беше новиот дух на Европа, новиот спасител на Европа

Кризата со „Жолтите елеци“ покажа дека Французите сфатија дека нивниот центристички претседател Емануел Макрон е лабораториски производ за одржување на системот, изјави Матео Салвини, италијански министер за внатрешни работи и лидер на крајната десница во земјата.

Тој додава дека Европа повторно направила грешка.

„Се сеќавам дека пред неколку месеци Макрон беше шампион на новата Европа за целата италијанска левица. Тој беше новиот дух на Европа, новиот спасител на Европа… Повторно згрешија”, рече тој за време на состанокот со претставниците на странските медиуми во Рим.

„Многу добро ги разбирам економските, социјалните и културните мотиви поради кои започна движењето за кое се надевам дека ќе ги постигне своите цели“, рече Салвини и ги осуди сите форми на насилство за време на протестите на „Жолтите елеци“.

Треба да знаете
Последни објави