Почина кенгурот што изгледаше како билдер

Почина кенгурот Роџер, висок два метра и тежок 89 килограми. Големото животно го нарекуваа Шварценегер меѓу кенгурите во резерватот во Алис Спрингс, а другите кенгури се плашеа од него.

Веста дека Роџер починал беше објавена од Крис Бролга Барнс, менаџер на резерватот, објави британски „Мирор“.

Збогум, наш драг Роџер, за жал, Роџер почина од старост, живееше долг и среќен живот и го сакаа милиони луѓе низ целиот свет. Ќе те сакаме засекогаш и ќе ни недостигаш”, напишаа на страницата на резерватот.

Роџер се прослави со фотографиите на кои изгледа како да ги напнува мускулите.

Барнс го најде Роџер во 2006 година откако неговата мајка почина на автопатот. Тој брзо сфатил дека младенчето е доста силно, па лесно можел да ја скрши металната корпа.

Треба да знаете
Последни објави