„Пајкот“ во Центар кренал 189 автомобили за само една недела

Со помош на трите специјални возила „пајак“ на „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) во текот на минатата недела на територија на оваа скопска општина отстранети биле 189 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат општинските власти.

„Сообраќајната полиција и ‘пајак службата’ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 03.12. до 08.12. санкционираа 189 непрописно паркирани возила, од кои осум несовесно паркирани возила се отстранети од паркинг места наменети за лица со посебни потреби“, се наведува во соопштението.

Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Треба да знаете
Последни објави