Search

Кривична за гостиварец кој со камион уништил инсталација и оставил без струја 100 семејства

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 52-годишен жител на гостиварското село Вруток, кој оштетил кабел на јавната електрична инсталација, поради што настанал прекин на напојувањето со електрична енергија на околу 100 домаќинства во селото Долна Бањица.

Како што информираат од МВР, пријавениот го оштетил кабелот на 8. ноември, управувајќи камион за пренос на бетон, во сопственост на фирма.

Со тоа, гостиварецот сторил кривично дело уништување или оштетување на јавна инсталација.

Треба да знаете
Последни објави