Search

(Видео) Сондата „Инсајт“ ги сними првите звуци на Марс

Научниците од НАСА објавија звучен запис на треперење што неодамна го забележа новата платформа Инсајт.

Звукот што се слуша е снимен со помош на Инсајт сензорот од 1 декември и е предизвикан од вибрациите што ги создава ветрот на Марс. Брзината на ветрот е, според научниците, од 16 до 24 километри на час.

Инсајт, по шестомесечно патување, на 26 октомври успешно слета на рамнина на Марс – Елисиум Планитија. „Снимката на ветрот навистина е непланиран подарок за сите љубопитни”, изјави водителот на истражувањата во JPL лабораторијата на НАСА.

Една од работите што планираме да ги следиме е движењето, вклучувајќи го и она предизвикано од звучни удари”.

Леталото е опремено со два сензора – едниот го мери притисокот на воздухот, другиот движењето на тлото, односно неговата вибрација. Сеизмографот во овој случај забележа вибрации на воздухот кој поминуваше помеѓу соларните плочи на платформата Инсајт.

Треба да знаете
Последни објави