Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во водите на Средоземното море, јави турската агенција „Анадолија“ повикувајќи се на соопштение на државната Канцеларија за кризни и итни ситуации (АФАД).
АФАД објави дека потресот бил регистриран во утринските часови, а епицентарот бил во медитеранот на длабочина од околу 40 километри.