Search

Осумгодишник-најмлад пациент со карцином на коска

Ниту децата не се имуни на карциноми. Во мојата долгогодишна пракса како лекар имам видено многу заболени пациенти со остеосаркоми. Но еден од нив беше посебен. Имаше неполи осум години- вели д-р Виктор Камнар- хирург и директор на Клиниката за ортопедија.

Валентина Ангеловска

Карциномите кај деца не се нова работа. Обично се јавуваат кај повозрасни пациенти, но последниве некоку години статистиката покажува нешто сосема друго. Се почесто се јавуваат и кај деца кои се во развој- вели д-р Камнар. Првиот човек на Клиниката за оропедија вели дека најголем дел од децата каде е дијагностициран остеосаркомот се на возраст од 11 до 13 години.

– На прв поглед никој не се сомнева во карцином. Децата обично се жалат на болка во ногата каде е тумурот. Тоа е основен симптом. Но мора да се направат низа на испитувања за да се види за што конкретно се работи- вели Камнар. Особено ако болката е постојана и не се смирува ниту за време на одмор кај детето.

-Заболените пациенти обично имаат оток во регионот на туморот. Откако ќе се направат испитувањата и ќе се дијагностицира тумурот, најчесто веднаш се оди кон операција и се отстранува тумурот- објаснува Камнар.

Искуствата покажуваат дека докторите по воспоставената дијагноза се фокусирани на отстранување на целиот тумор до здраво ткиво. Хемотерапијата  е важен дел од комплексот третман. Радиотерапија се користи во комбинација со хемотерапија.

Но за жал не секогаш се вади целиот тумур. Експертите велат дека кај околу 15 проценти од новите пациенти кои се регистрираат како заболени остеосаркомот веќе метастазирал.

Лош исход најчесто имаат тумурите на рамениот појас, на лопатките, клучната коска и ребрата.

По операцијата следи хемотерапија. Но и покрај тоа статистиката е многу слаба.Само мал дел од пациентите  преживуваат по петата година од операцијата.

фото: Слободан Ѓуриќ

 

 

Треба да знаете
Последни објави