Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на г-динот Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата. Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/01/d0b1d180d0b8d182d0b0d0bdd181d0bad0b8-d0bfd0bed0bbd0b8d186d0b0d0b5d186-d0bfd180d0b8d0b7d0bdd0b0-d0b4d0b5d0bad0b0-d180d0b5d187d0b8d181_63cba417873e0.jpeg)