Search

Кремљ го отфрли повикот на САД за отстранување на крстосувачките ракети

Кремљ денеска го отфрли повикот на САД за отстранување на инсталираните крстосувачки ракети 9M729, кои можат да носат нуклеарни боеви глави, наведувајќи дека системот е во согласност со Договорот за нуклеарно оружје од среден и краток дострел (ИНФ), потпишан во 1987 година помеѓу Москва и Вашингтон.

Висок американски претставник вчера порача дека Русија мора да ги отстрани ракетите 9М729 и нивните лансирни рампи или да го замени опсегот на оружјето за да биде во согласност со ИНФ и со тоа да се избегне повлекување на САД од тој договор.

– Русија нема ништо прекршено, не крши и останува посветена на сопствените обврски кон ИНФ, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Треба да знаете
Последни објави