Search

Кевин Харт нема да ги води 91-вите Оскари

Американскиот комичар и актер Кевин Харт (39) во петокот рече дека нема да ги води 91-вите Оскари по протестот за неговите стари хомофобични твитови.

„Решив да не ги водам годинашниве Оскар“, напиша тој на „Твитер“.

„Искрено и се извинувам на ЛГБТК-заедницата за моите бесчувствителни зборови во минатото”, додаде тој.

Еден час пред тоа, тој објави видео на „Инстаграм“, во кое одби да се извини откако Академијата за филмска уметност и наука го побара тоа од него.

„Решив да го ‘прескокнам’ извинувањето. Причината е тоа што јас веќе одговорив на тоа неколку пати“, рече Харт, додавајќи дека напредувал од времето кога поставил хомофобични твитови помеѓу 2009 и 2011 година, кои тој ги избришал во меѓувреме.

„Ќе бидам свој, ќе се придржувам кон моите ставови“, додаде ѕвездата на филмските комедии „Тајната служба” и „Гет хард“.

Оскарите ќе се одржат на 24 февруари во холивудскиот Долби театар, а Кевин многу се радуваше заради тоа.

„Ме прашуваат многу години, дали некогаш ќе ги водам Оскарите и мојот одговор секогаш беше ист. Им реков дека тоа ќе биде единствена, животна шанса за мене како комичар и дека тоа ќе се случи кога ќе биде потребно”, рече Кевин, кој, сепак, нема да оствари една од неговите животни цели.

Треба да знаете
Последни објави