Search

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа е СДСМ денеска. Мафијашка партија со мафијашки вредности

Нарачани политички изјави од лица обвинети за сериозни дела за Зоран Заев имаат поголемо значење отколку сведоштвата на Стојан Андов, кој директно го посочи Љубомир Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој рече дека секојдневно на виделина излегуваат нови сведоштва за монструозните планови и брутална злоупотреба на безбедносните институции МВР и УБК од страна на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев, исто како и ‘кацарска-судството’ и ‘рускоска-обвинителството’ молчат околу новите наводи за атентатот врз претседателот Киро Глигоров. Ниту атентат ги интересира, ниту обврската кон семејството на покојниот претседател Киро Глигоров ги интересира, иако и најблиските и целата јавност имаат право да ја дознаат вистината околу хаосот и црнилата што пред 24 години ги донесе СДСМ. Не ги интересира ниту сведочењето на поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов, ниту исказите на еминентниот новинар Љубомир Гајдов. За аболицираниот криминалец Зоран Заев, Стојан Андов е неколку нивоа под Александар Василевски викан Нинџа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За Зоран Заев, велат од партијата, СДСМ, „кацарска-судството“ и „рускоска обвинителството“, Стојан Андов и неговото сведочење имаат помал кредибилитет отколку нарачаното сведочење на Василевски – Нинџа.

„Ете тоа е СДСМ денеска. Мафијашка партија со мафијашки вредности. Покрај нарачани обвиненија, нарачани пресуди и нарачани службени белешки, аболицираниот Заев сега си нарача и сведочења со коишто сака да спроведе план за компромитирање на ВМРО ДПМНЕ и финален удар врз партијата. Заев се лаже доколку мисли дека со притисоци, злоупотреби на институциите и удбашки конструкции ќе ја клекне на колена партијата, а преку ВМРО ДПМНЕ и Македонија и македонскиот народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави