Министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Зорана Михајловиќ денеска за новинарите организираше разгледување на делот од автопатот од Грделица до Владичин Хан, на делот од Коридорот 10 преку Грделичката клисура. Автопатот е долг 26 километри.
На македонските граѓани кои редовно патуваат преку Србија знаат дека овој дел од автопатот се гради скоро една деценија, но беше далеку од завршување.
Сепак, според Михајловиќ, завршен е поголемиот дел од автопатот низ Гредичиката клисура, но повтори иако патот треба да се пушти во сообраќај до крајот на предвидениот рок, уште поважно е истиот да биде безбеден.