Search

ВИДЕО: Силно невреме го погоди Кипар, има и жртви

Најмалку три лица загинаа во поплави во северниот дел на Кипар по обилните дождови со град, според извештаите во турскиот дел на островот.

Медиумите објавија дека автомобилот во кој биле две жртви го однела водата доцна синоќа. Жителите на Кипар рекоа дека дождот паѓа без прекин од 4 декември.

Дополнително лошо време се очекува и денес. Во рок од неколку минути, од убаво сончево време преминавме во смрзнување, со молњи и грмежи во далечината“, рече еден очевидец. Луѓето ставаат вреќи со песок на вратите и прозорците за да го спречат навлегувањето на водата. На социјалните мрежи се појавија фотографии на автомобили кои беа однесени во морето и поплавени куќи.

Обично суви, речните корита сега се полни со вода која го прели брегот, предизвикувајќи штета во Никозија, делумно е затворен автопатот, кој го поврзува градот Кирења со североисточниот брег на земјата. Многу училишта се затворени.

Мештаните велат дека вакво нешто не се памети во неодамнешната историја на островот.

https://youtu.be/4DmA9QekeuU

Треба да знаете
Последни објави