Search

На двегодишно дете од Пакистан му треба редок тип на крв за да преживее

Двегодишната Заинаб Мугал има една од најретките крвни групи во светот. Таа се бори со рак и за да преживее има потреба од трансфузија на крв од 7 до 10 донатори, кои досега не се пронајдени.

Тоа е затоа што тие се толку ретки во светот. Странските медиуми пишуваат дека само луѓето од пакистанско, индиско или иранско потекло, кои имаат ист вид на крв како Заинаб, чие семејство потекнува од Пакистан, веројатно ќе се поклопат со неа. Помалку од 4% од луѓето во овие популации може да се совпаднат, според OneBlood, непрофитна организација од Јужна Флорида која помага во глобалната потрага по донатори за детето.

,,Имаме нула проценти шанси да пронајдеме компатибилна крв за ова мало девојче ако погледнеме во речиси секоја друга етничка група”, рече Фрида Брајт, лабораториски менаџер со OneBlood. ,,Ние бараме низ цел свет за да најдеме крв за ова мало девојче”.

OneBlood вели идеално би било да се пронајдат донатори од овие етнички групи кои живеат во САД. Крвната група на човекот е определен од антигени. Во крвта на Заинаб недостасува антиген наречен ,,Indian B” и нејзиното тело ќе ја нападне трансфузираната крв што го содржи. Затоа на нејзните донатори треба да им недостига ваков антиген. Покрај тоа, тие мора да имаат крв од типот О или А.

Таквите донатори се ,исклучително ретки”, велиСандра Нанс, директор на американската програма за ретки донатори. Нанс вели дека програмата следи најмалку 59 видови на ретка крв и има над 120.000 регистрирани донатори. Според неа, ниту еден донатор не одговара на крвната група на Заинаб, откако претходно беа пронајдени тројва компатибилни донатори во САД и еден во Велика Британија.

Но, бидејќи е потребно уште крв, организацијата е во потреба по нови донатори.

Таткото на девојчето моли за помош. ,,Ако сте од Блискиот Исток, ве молиме да излезете и дајте крв за мојата ќерка”, рече тој. ,,Животот на мојата ќерка многу зависи од крвта”, вели Рахел Мухал.

Треба да знаете
Последни објави