Search

Австралиските научници развија 10-минутен тест за рак

Истражувачите во Австралија развија 10-минутен тест кој може да го открие присуството на клетки на рак било каде во човечкото тело, се вели во една ново објавена студија.

Тестот бил развиен откако истражувачите од Универзитетот во Квинсленд откриле дека ракот формира уникатна ДНК структура кога се става во вода. Тестот работи на тој начин што се идентификување присуството на таа структура, откритие кое може да помогне да се открие рак кај луѓето многу порано отколку со досегашните методи.

Професорот Мат Трау нагласи дека ваквото откритие ќе овозможи на неинвазивен начин да се детектираат канцерогени клетки во било какво ткиво и крв. Направите со кои ќе се спроведува тестот се мобилни и евтини, додаде тој.

Досегашните тестови направени врз 200 примероци од ткиво и крв открија канцерогени клетки со точност од 90 проценти. Допрва ќе се проведуваат клинички испитувања пред тестот да може да се користи кај потенцијалните пациенти, изјавија научниците.

Пред неколку месеци, истражувачите од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД соопштија дека развиле тест со помош на кој преку крвна слика се откриваат осум чести типови на рак. Со тестот се открива присуството на канцерогени протини и генетски мутации во крвта.

Треба да знаете
Последни објави