Папата Франциско: Свештениците кои се активни хомосексуалци би било подобро да ја напуштат Црквата

Мажите со длабоко вкоренети хомосексуални склоности не би смееле да бидат примени во свештеничките редови, а свештениците кои се активни хомосексуалци би било подобро да ја напуштат Црквата отколку да водат двоен живот, порачува папата Франциско во новата книга „Силата на професијата“ која следната недела би требало да биде објавена на 10 јазици.

Папата вели дека хомосексуалноста во Црквата е загрижувачка. „Прашањето за хомосексуалноста е многу сериозно“, вели тој и додава дека оние на кои им е доверена должноста да подготвуваат момчиња за свештеници мора да бидат сигурни дека кандидатите се хумано и емоционално зрели. Тоа се однесува и на жените кои сакаат да станат калуѓерки.

Како што пренесува „Гардијан“, папата смета дека да се биде хомосексуалец е во мода и дека свештенството е подложно на тоа.

Во Католичката црква свештениците и калуѓерките мора да се заколнат во целибат. Црквата учи дека хомосексуалните склоности не се грев сами по себе, но дека делата се грев.

Папата ги повикува хомосексуалците и лезбијките меѓу свештениците и калуѓерките да го почитуваат целибатот и да се однесуваат одговорно за да избегнат скандал. „Подобро е да ја напуштат свештенската служба отколку да живеат довен живот“, вели тој.

Своите ставови за хомосексуалноста папата ги искажал во интервју дадено во средината на август. Две недели подоцна, надбискупот Карло Марија Вигано, поранешен ватикански амбасадор во САД предизвика голем скандал велејќи дека во Ватикан постои хомосексуална мрежа чии членови меѓусебно си помагаат за да напредуваат во Цкрвата. Исто така, тој го обвини папата дека го игнорира случајот со поранешениот американски кардинал Теодор Мекерик (88) обвинет за сексуално вознемирување на ученици во католичко училиште.

Во 2013 година, само неколку месеци по преземањето на функцијата, папата Франциск рече: „Ако некој е хомосексуалец и го бара Господ и има добра волја, тогаш кој сум јас да му судам?“, што е далеку помек тон за хомосексуалноста од оној искажан во интервјуто.

Треба да знаете
Последни објави