Search

Царовска: За првпат е отворено засолниште за жртвите на сексуално насилство

Привремените мерки за заштита од семејно насилство и добрите пракси и предизвици беа тема на денешната дебата по повод 16 дена активизам на која присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Системот за превенција за да спречи било каква форма на насислтво врз жените и девојките мора да вклучи работа и со сторителите на насилството. Работиме на унапредување и унифицирање на системот за постапување, изготвени и усвоени се стандарди и процедури за сите форми на насислтво во соработка со граѓанскиот сектор. За првпат е отворено засолниште за згрижување на жртви на сексуално насилство, а заедно со министерството за здравство отворени се 3 центри за жртви на сексуално насилство во состав на здравствените установи во Куманово, Тетово и Скопје “, рече министерката Царовска на денешната дебата, организирана од Асоцијација за здравствена едукација и истражување, како дел од проектот „Советувалиште за превенција од употреба на дроги и семејно насилство“, поддржан од Град Скопје.

Министерката изрази голема почит и благодарност кон сите оние кои секојдневно работат да им овозможат помош и поддршка на жените жртви на насилство. Потсети дека неодамна Владата го усвои Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција за периодот 2018-2020 година, и на иницираните измени на Кривичниот законик, но и на подготовката на предлог законот за родово засновано насислтво кои се прават во соработка со Министерството за правда.

На дебатата присуствуваа и преставници од Министерството за внатрешни работи, судии и граѓански организации коишто работат на случаи поврзани со насислтво врз жените.

Треба да знаете
Последни објави