Search

Дали знаете во што најмногу уживаат бебињата додека сè уште се во утроба?

Врската помеѓу мајката и детето се создава многу порано пред тоа да се роди, а некои истражувања тврдат дека детето може да ја почувствува психолошката состојба на мајката.

Веќе е познато дека бебињата позитивно реагираат на звукот на мајчинскиот глас, но освен тоа, постојат и други работи кои влијаат на развојот на бебето во утробата.

Бебињата најмногу сакаат:

 

1. Многу музика

Освен тоа што слушањето музика, кај мајките предизвикува лачење на хормонот на среќата, кој автоматски стига и кај бебето, музиката го стимулира и развојот на мозокот на бебето. Таа не мора да биде прегласна, со оглед на тоа дека бебето може да ја слушне иако е внатре во вас.

 

 

 

 

 

 

 

2. Сакаат масажа

Кога ќе наполат 20 недели, бебињата можат да го почувствуваат вашиот допир и во овој период тие уживаат во масажа. Ова е одличен начин за таткото на бебето на некој начин да се поврзе со него, уште пред да се роди. За масажа може да користите масла или креми и со лесни потези да го масирате стомакот, со смирувачка музика во позадина.

3. Звукот на смеењето на мајка си

Ултразвукот покажал дека фетусот „потскокнува“ кога мајката се смее. На снимката која ја направиле, јасно се гледа дека колку повеќе мајката се смее , детето сè повеќе се мрда. Ова се случува заради мускулните контракции. Хормонот на среќа кој вашиот организам го лачи кога сте среќни, му се префрла и на детето, па затоа експертите препорачуваат што е можно повеќе да се смеете.

Треба да знаете
Последни објави