„Гугл“ укинува уште една своја позната апликација

Иако станува збор за неофицијални информации и така најверојатно ќе остане се до крајот на следната година, сепак упатени извори информираат дека апликацијата „Hangouts“ би требало да остане активна само за деловни корисници односно оние кои корисртат G Suite.

Затворањето на социјалната мрежа на „Гугл“ наречена „Гугл +“, речиси никој не изненади бидејќи уште од самиот почеток истата не се наметна како алтернатива на „Фејсбук“ и релативно мал број на луѓе ја користеле на редовна основа.

Сепак, се чини дека „Гугл“ се подготвува да укине уште една апликација, која може да влијае на голем број луѓе ширум светот.

Според информациите добиени од порталот „9to5 Google“, до 2020. година во историја ќе замине сервисот наменет за пораки и видео повици наречен „Hangouts“. Ова пред се се однесува однесува на приватните корисници.

Доколку ова се оствари, тие ќе мора да се свртат кон други апликации (како Viber, WhatsApp, Skype). Другата опција е да се почека и да се види што ново ќе понуди „Гугл“ како замена за „Hangouts“. Оттаму веќе се обидуваат корисниците на овој сервис да ги пренасочат на својата апликација „Allo“, но ова досега не се покажа како успешна стратегија.

Што се однесува до „Hangouts“, судејќи според досегашната практика, корисниците ќе се побунат но на крајот ќе се префрлат на новата апликација која ќе ја понуди компанијата.

Треба да знаете
Последни објави