Наместо со Трамп, Путин одржа состанок со Ердоган

Рускиот претседател, Владимир Путин го повика за време на средбата која се одржа на маргините на самитот Г-20, го повика својот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган да преземе „поенергични мерки”, како би дошло до прекин на огнот во сириската провинција Идлиб, соопшти Кремљ.

Путин се состана со Ердоган во Буенос Аирес за време на самитот на Г-20. Овој состанок се одржа наместо состанокот на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп, кој неколу дена пред одржувањето Белата куќа го откажа поради инцидентот кај теснецот Керч.

Рускиот претседател ја истакна важноста на преземањето „поенергични мерки во спроведувањето на турско-рускиот договор за сиријскиот град Идлиб, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На 17 септември, Ердоган и Путин се согласија до 15 октомври да основаат демилитаризирана зона во Идлиб под руско-турска контрола. Според договорот, сите џихадисти и сите тешки оружја мора да ја напуштат оваа зона.

Договорот сé уште не е спроведен поради одбивањето од страна на бунтовниците да ја напуштат областа, како и конфликтот на сириските сили и џихадистите и бунтовниците кои контролираат околу 70 отсто од идната демилитаризирана зона.

Треба да знаете
Последни објави