Search

Фјури: Целиот свет виде дека јас го освоив мечот

Британецот Тајсон Фјури смета дека требало да биде прогласен за победник по мечот со Дионтеј Вајлдер, кој заврши нерешено по 12 рунди, во кои, сепак, Фјури два пати беше во нокдаун, а Американецот го задржа шампионскиот појас во ВБЦ верзијата.

Но Британецот, како и поголем број аналитичари сметаат дека тој беше подобар низ целиот меч и дека требало да победи. Фјури по паузата од три години поради допинг скандалот и победата врз Владимир Кличко одбоксува одлично.

– Целиот свет знае, целиот свет виде дека морав да бидам прогласен за победник. Ова момче има страшни удари, но јас успеав да ги избегнам речиси сите. Се надевам дека ве направив сите горди од она што го видовте во оваа битка. Тој никогаш немаше да ме нокаутира, бидејќи јас играв со сето свое срце во рингот. Колку и пати да ме испратеше на подот, јас повторно ќе станев. Дојдов да победам оваа вечер, изјави Британецот по мечот.

Тој додаде дека сега само едно е сигурно – дека ќе има реванш

Но вообичаено, тој го навредуваше сонародникот Ентони Џошуа, најдобриот боксер во светот во тшка категорија и носител на четири шампионски појаси во останатите верзии.

-Како и да е, ние двајцата сме најдобрите тешкаши во светот. Секако има уште еден некаде таму…, продолжи Фјури имитирајќи кокошка, па продолжи:кокошка, кокошка, каде си Џошуа…?

И Американецот се согласи со Фјури велејќи дека они двајца се најдобрите во светот.

Треба да знаете
Последни објави