Search

Украина спречи влез во земјата за околу 100 Руси

Украинската погранична полиција објави дека на границата вратила околу 100 руски државјани назад во земјата од каде што дошле, откако пред неколку дена властите ја воведоа забраната за влез на Руси во Укарина на возраст од 16 до 60 години. Оваа забрана која веќе е во сила се однесува само за мажи, соопштија украинските власти.

Портпароот на пограничната служба, Андреј Демченко рече дека „повеќето од нив не можеле да ја наведат причината за патување во Украина”.

Според него, некои од нив не ги имале ниту потребните документи, додека дел пак престојувале во Украина подолго од пропишаното.

Украинскиот претседател, Петро Порошенко, на денот кога беше воведена забраната рече дека целта на забраната била да се спречи влегувањето во Украина на прикриени руски воени единици откако Русија конфискувала три украински воени бродови со екипажи.

Треба да знаете
Последни објави