Search

Тројца Албанци повредени во судир на камион и автомобил кај Ново Село

Тројца албански државјани биле повредени во судир на камион и автомобил, вчера кај Ново Село, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 11.30 чaсот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај Ново Село. Тогаш се судриле автомобил „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(77) од  Албанија и камион „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, што го  управувал Г.А.(46) исто така од Албанија.

Притоа тешко била повредена Албанката К.П.(66), сопатничка во „аудито“, додека двајцата возачи поминале со лесни повреди.  Тројцата биле пренесени во болницата во Охрид каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави