Search

Лидерите на Г-20: Борба против нееднаквоста и поддршка на малите бизниси

Лидерите на индустриски најразвиените земји на дводенвниот самит кој се одржа во Буенос Аирес, Аргентина, во завршаната декларација од заклучоците од самиотот Г-20, ја потврдија својата посветеност во борбата против нееднаквоста и поддршката на малите и средни претпријатија.

„Ние ќе ги промовираме мерките за поттикнување на микро, мали и средни претпријатија и претприемачи, надминување на родовата нееднаквост и натамошната дигитална инклузија, ќе дадеме поддршка за заштита на потрошувачите и подобрување на дигиталната администрација, инфраструктура и мерење на дигиталната економија”, се вели во декларацијата, пренесува ТАСС.

Една од актуелните теми за кои се разговараше на самитот, освен инцидентот во Керч, беше и нерасчистеното убиство на саудискиот новинар Џемал Кашоги. Францускиот претседател, Емануел Mакрон кој разговараше со саудискиот принцот Мохамед бин Салман повика да се овозможи меѓународно учество во истрагата за убиството на саудискиот новинар.

Макрон, за време на средбата со принцот на самитот на Г-20 во Буенос Аирес, го повика саудискиот престолонаследник и да помогне во изнаоѓање на политичко решение за војната во Јемен, како и за стабилизирање на светските цени на нафтата, јавува АП.

Треба да знаете
Последни објави