Search

Во Собранието продолжува расправата за нацрт-амандманите на Уставот

Расправата за уставните амандмани денеска продолжува во Собранието, откако на вчерашната 64-та седница не беше исцрпена листата на околу четириесетина пратеници пријавени за збор.  Вчерашната дебата помина со меѓусебни обивнувања на власта и опозицијата и расправии за тоа кој создал поделби во македонското општество.

За секој од четирите амандмани предвидена е дебата во траење од три дена, а пленарната седница би можела да трае 12 дена.

Во оваа фаза за усвојување на амандманите потребен ќе биде 61 глас.

По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието, Владата ќе треба да организира јавна расправа од три дена, по која што ќе треба да достави извештај до Собранието.

Финалното носење на амандманите ќе следи по владиниот извештај, кога претседателот на Собранието, Талат Џафери е должен во рок од 30 дена да закаже нова седница, за која повторно ќе биде потребно двотретинското мнозинство.

Треба да знаете
Последни објави