Search

Лидерите на каталонските сепаратисти штрајкуваат во затвор со глад

Двајца од лидерите на каталонското сепаратистичко движење, Хорди Санчез и Хорди Турул кои една година се притворени, започнаа штрајк со глад во знак на протест поради, како што велат, неправедниот третман во шпанскиот правосуден систем.

Според зборовите на нивниот адвокат, тие одбиваат да јадат бидејќи шпанските судови не ги разгледале големиот број жалби што се однесуваат на нивниот случај.

Од друга страна, шпанската влада наведе дека на лидерите на сепаратистите ќе им биде овозможено фер судење.

Санчез и Турул се двајца од деветмината лидери на сепаратистите кои се наоѓаат во притвор потади улогата во нелегалниот обид да ја отцепат Каталонија од остатокот од Шпанија.

Тие се задржани зад решетки поради постоење на ризик дека ќе продолжат да инсистираат на независност на Каталонија, како и дека би можеле да им се придружат и други сепаратистички лидери кои побегнале од Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави