Search

Во Босна и Херцеговина веќе може и со лична карта

Од денеска на граѓаните на Република Македонија и Босна и Херцеговина им се овозможува влез во двете држави и со лична карта, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во сила стапува Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји, која беше потпишана од страна на двајцата министри за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Игор Црнадак на 12 март годинава.

Треба да знаете
Последни објави